Надворешниот нето-долг во четвртиот квартал од 2022 година

Bez autora
Apr 02 2023

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

Надворешниот нето-долг изнесува 4.349 милиони евра (или 33,7 % од проценетиот БДП). Надворешниот нето-долг во четвртиот квартал од 2022 година е зголемен за 432 милиона евра, или 11 %. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 64 %, информира НБРМ.

Во текот на четвртиот квартал од 2022 година негативната меѓународна нето-инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 318 милиони евра и изнесува 8.151 милион евра, што претставува 63,2 % од проценетиот БДП за 2022 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik